Do you have any questions that I can help you with?
Сте биле некогаш гладни и без замисла каде да одите да јадете? Одите од еден локал до друг го читате менито и уште не можете да се одлучите? Кога конечно сте се одлучиле сте констатирале дека јадењето воопшто не било вкусно или атмосферата не била задволителна?
Ви се случило да прашувате за цената на една иста услуга или производ, на повеќе места?
Ваквите и уште многу други случувања не охрабрија да го создадеме овој портал каде секој ќе може да најде одговор каде, за што и колку пари ќе потроши. Тука сме за Вас, да го заштедиме вашето време, нерви и пари!
Ние сме динамична, млада и креативна фирма која има амбиција да се појави на пазарот за онлајн информации за сите локали, објекти, услуги итн во нашата земја. Најважен начин за нашата фирма да се диференцира, е да понуди висок квалитет на услуга и да се осврне кон потербите и очекувањата на нашите посетители.
Повеќето информации на интернет за компаниите се застарени, бидејќи се обновуваат еднаш годишно, што претставува долг период за кој многу нешта можат да се променат. Наша цел е да овозможиме точни и релевантни податоци за местата кои што сте во план да ги посетите.
Со задоволсто Ви го претставуваме нашиот сајт
www.izberi.com.mk и Ви благодариме за довербата!